Напаѓачот Виктор Ангелов неодамна наполни 18 години, а веќе може да се пофали со големо интернационално искуство. На 14 години тој стана дел од младинската школа на Борусија Дортмунд, во 2010-та година се врати во Работнички и на 16 години дебитираше за првиот тим, минатата година повторно замина на фудбалско калење во Германија, но овој пат во Шалке, а од оваа сезона тој е првотимец на Работнички и капитен на репрезентацијата на Македонија за играчи до 19 години.
Тикетот на Виктор:
Аугсбург - Шалке 2
По поразот од најголемиот ривал Борусија Дортмунд, екипата на Шалке мора да го добие овој натпревар.
Келн - Штутгарт 3+
Фудбалерите на Штутгарт се во одлична голгетерска форма (на последните четири натпревари постигнаа 15 гола).
Борусија Дортмунд - Борусија Менхенгладбах 1
По триумфите над Баерн Минхен и Шалке, екипата од дортмунд ќе ја продолжи победничката серија и против Борусија Менхенгладбах.
Од поинтересните европски лиги би ги издвоил следните типови:
Наполи - Новара 1
Њукасл - Стоук 1
Валенсија - Бетис 1
Кој е вашиот тикет? Пишете ни во коментарите под оваа статија.
фото: facebook.com/fcrabotnicki