Многу звучни имиња се поврзуваа со палењето на олимпискиот оган, но организаторите се решија таа чест да им ја дадат на седум млади спортисти, нешто што никој не можеше да го предвиди.
Токму затоа британските кладилници Вил Хил и Скај Бет решија да им ги вратат парите на кладилничарите. Портпаролот на Вил Хил изјави дека било невозможно некој да погоди и затоа тие ќе вратат околу 50.000 фунти.
Еден од фаворитите беше Стив Редгрејв, петкратен освојувач на златен медал во веслање, но тој само го внесе факелот на Олимпискиот стадион и им го предаде на младите спортисти. Втор фаворите беше Роџер Банистер, првиот атлетичар кој истрча 1.600 метри под четири минути.