Најдраматичната завршница во историјата на Премиер лигата кулминираше со голот на Серхио Агуеро кој му ја обезбеди титулата на Манчестер Сити по пауза од 44 години. Голот предизвика голема тага кај навивачите на Манчестер Јунајтед, но и кај обложувалниците.
„На почетокот на сезоната понудивме коефициенти за шампион на Анлија со кој би ги „одбиле" оние кои сакаа да се обложат на Манчестер Јунајтед. Но тоа доведе до големи суми вложени на Сити. Исто така во последното коло беа вложени огромни суми на победата на Манчестер Сити, па така голот на Серхио Агуеро нас не чинеше два милиони фунти", изјави портпаролот на обложувалницата Coral.
Но обложувалниците веќе нема го потценат Манчестер Сити и според нив „граѓаните“ се поголеми фаворити од Манчестер Јунајтед за освојување на титулата следната сезона.
Премиер лига 2012/2013 - коефициент
1. Манчестер Сити - 2,37
2. Манчестер Јунајтед - 3,5
3. Челси - 5,5
4. Арсенал - 7
5. Тотенхем - 26
6. Ливерпул - 34