Тешко дека драмата од последните минути на минатата сезона некогаш ќе се надминат, но повторно и оваа година Премиер лигата ветува интересно и неизвесно првенство.
Роберто Манчини беше незадоволен од трансфер политиката на неговиот клуб со тоа што единствен нов фудбалер е Родвел од Евертон, но најважно е што тие го задржаа целиот шампионски тим од минатата сезона.
Токму затоа кладилниците сметаат дека Манчестер Сити е најголем фаворит за освојување на титулата во Премиер лигата за што коефициентот е 2,25.
Пред само два дена коефициентот на Манчестер Јунајтед беше 3,25 но со објавувањето на веста за трансферот на Робин ван Перси, коефициентот за шампионската титула на Јунајтед падна на 3.
Како фаворит од сенка по доведувањето на Азар, Марин и Оскар се смета екипата на Челси чиј коефициент е 6.
Коефициентот на Арсенал беше 12, но со заминувањето на Ван Перси тој порасна на 15. Следат Тотенхем со 26, Ливерпул со 29, а коефициентот на Њукасл е 151.
Најмали шанси за титула, односно најголеми шанси за испаѓање од Премиер лигата имаат екипите на Ридинг, Саутемптон и Вест Хем.