Јокиќ за омилениот Ратко Варда: „Му должам 50 евра и нема да му ги вратам“

Малкумина знаат дека прав кошаркарски ментор на Никола Јокиќ беше култниот центар Ратко Варда кој беше прав кошаркарски глобтротер. Варда ја почна кариерата во Партизан а после играше во Детроит Пистонс, Унион Олимпија, Аполон, Бешикташ, Киев, Реал Мадрид, Менорка, Жалгирис, Химки, Проком, Азовмаш, Техеран, Раднички, Мега, Кожув, Сујтеска, Хекмех и Динамик. Токму во Мега Визура му беше ментор на тогаш младиот и буцкаст талент Никола Јокиќ кој од Ратко попримил многу кошаркарски фори.

Ратко Варда играше за репрезентацијата на Југославија а има настапи и за репрезентацијата на Македонија на еден турнир во Кина пред десетина години.

„Сè уште му должам на Рале 50 евра. Немав пари еднаш да одам дома, плачев а тој ми рече: „Еве ти, оди дома“ и ми даде 50 евра. Се сеќавам на тоа, благодарен сум му многу. Беше тоа пред 13-14 години. Не сум му ги вратил и нема ни да му ги вратим“, се насмеа Јокиќ кој е голем пријател со Варда.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Sportal.rs (@sportalrs)

Бројките на Јокиќ со бројките на Мајкл Џордан од МВП сезона

Никола е наш човек

9 март 2026 - 11:21