Пандев: Најдобриот Пандев беше оној во Лацио со Делио Роси

Се повлече во 2022-ра на 39 години и постави цели, ултра тешко достижни за македонски фудбалер: 20 сезони во Италија зачинети со 9 трофеи, кои ги нема освоено и еден Тоти. Плус пласман на Европско со негов гол. Газета дело Спорт објави тазе големо интервју со нашата легенда.

На највисоката кула на струмичкото кале, гордо се вее знаме со иницијалите на локалниот херој: „GP19“. Горан Пандев од Македонија. Златниот европски шампион со лева нога кој стана директор на федерацијата, пишува во својата најава Газета.

„За мојата земја дадов живот и направив чуда: 38 гола, бројни асистенции и Европско првенство како капитен. Сега би сакал да им помогнам на младите“, вели Пандев

Горан, колку ти недостига фудбалот?

Застанав на 39 години без жалење, но понекогаш сè уште барам адреналин, друштво, вечери, вежбање. Тој сон го бркав и го остварив.

Почнавте во Струмица.

Никогаш не заборавајте кој ве направил тоа што сте. Со Академија Пандев, сега наречена Брера Струмица, извадивме десетици таленти. Ја продадов пред три години.

Кога почнавте да играте?

На 11 години, случајно. Моите родители сакаа да учам. На 16 години, играв турнир во Вијареџо како играч на Беласица и давав многу голови. Многу ме засакаа.

Зошто го избравте Интер?

Затоа што Италија беше најдобра. Тогаш играа Роналдо и Виери, кои ни покажуваа како со топката. Кога стапнав на трибините на Сан Сиро, си замислував како еден ден ќе заиграм таму.

А како стигнавте во Лацио?

Имав катастрофална година во Анкона, без плата. Тој тим на Лацио беше нов и за мене и за навивачите. Преминаа од Бокшиќ, Салас, Манчини и Клаудио Лопез на Пандев и Роки. Шегите настрана, скептицизмот беше разбирлив.

Иако еднаш Делио Роси рече: „Би ги заменил Пандев и Роки само за Меси“.

Тој ме израсна. Физичка подготвеност, сила, џогирање од 15 километри во шума, исцрпувачки тренинг кампови. Се однесуваше добро со мене затоа што не се бунев. Дури и ако постигнував голови, знаеше да ме седне на клупа. Денес можам да кажав:  Најдобриот Пандев беше оној во Лацио со Делио Роси.

Најубавите голови во кариерата?

Против Јуве на стадионот Деле Алпи во 2004 година. Ги поминав Канаваро, Турам и Зебина и постигнав гол против Буфон. Најдобриот во мојата кариера. А потоа двата гола против Реал Мадрид во ЛШ во 2007 година. Сè уште го имам дресот на Ван Нистелрој, кој ми честиташе.

Сепак, со Лацио заврши на суд.

Дадов сè од себе, а заминувањето сè уште ме боли. Во финалето на Купот во 2009 година, не можев да станам, но играв повреден само за да бидам таму. Играв со инјекции и истегнат мускул. Сепак, тие шест месеци надвор од составот беа кошмар. Мојата сопруга беше бремена, а мене ми беше тешко како никогаш.

Проблем беше обновата на договорот.

Лотито не ме оставаше на раат. Тренирав сам. Победата во Суперкупот против Интер ја гледав дома бесен. А потоа ме притискаше да го обновам договорот според неговите услови. Секој ден доаѓаше по некој да разговара со мене за мојот договор. Тоа не го правеше само со мене, туку и со другите. Накратко, тоа беше чист мобинг. Во јуни пројавија интерес Севиља, Зенит, Јувентус, Атлетико и Интер. Неколку години претходно, дури и Баерн ме бараше. Лотито ме тргна од составот и ги отфрли сите понуди. Никогаш повеќе не го сретнав, но во Лацио секогаш постигнував голови.

После еден гол против Лацио, му извика „гад“. Би го повторил тоа?

Искрено, не, но секој пат кога ќе излезев да се загреам, навивачите на Лацио ме навредуваа. Во 2013 година, постигнав гол во дрес на Наполи и реагирав лошо. Немам ништо против навивачите.

Во јануари 2010 година замина од Лацио. Тоа беше ослободување?

„Да. Мурињо веднаш ме стави во почетниот состав против Киево. Не играв шест месеци, едвај ги познавав соиграчите, но помина добро.

Сезоната ја заврши со тројна круна. Што не е кажано за таа вечер во Мадрид?

Бевме сигурни дека ќе го победиме Баерн. Откако ја елиминиравме најсилната Барса во историјата, што друго требаше да направиме? Поискусните играчи знаеја дека Жозе ќе си замине, а се надевав дека ќе остане.“

Која беше тајната на тој тим?

Можам да кажам карбонара пастата за ручек пред натпреварите. Во Лацио јадев бресаола и рукола, а во Интер секој правеше што сака. Во авион се појавувавме со распар чорапи, едниот во тренерка, а другиот без. Во Рим, сите бевме скоцкани. Во Милано важно беше да не се промаши тренинг.

Зошто ги напушти „Нероаѕурите“?

Гасперини ми рече дека не му одговара мојот стил, па отидов во Наполи на Мацари. Ме се јавуваше по неколку пати на ден за да ме убеди. Таму освоив два од моите пет трофеи во Купот на Италија, мојот омилен трофеј. Многу се забавував.

Исто како во Џенова, каде остана шест и пол години.

Чудо, со оглед на тоа што претседател беше Прециози. Ме сакаше уште кога бев во Лацио. На Лотито му викаше: Јас ќе ти го купам. На секои шест месеци ги менуваше тренерите и секое лето доаѓаа по 20 нови играчи, а јас останував. Се сеќавам на тешките битки за испаѓање и дербијата. Различни од оние во Рим и Милано.

Дали си замина поради Блесин?

Имаше недостаток на почит, веќе нема поента да се зборува за тоа. Со Балардини, Џенова ќе се спасеше.

Дали се каеш за нешто?

Тоа што заминав во Галатасарај. За останатите избори во кариерата, би го повторил истото. Дојдов од мал град и освоив сè. Што повеќе би можел да побарам?

Виа

9 март 2026 - 12:32