Во 2012-та се изнагледавме автоголови, но овој најверојатно ќе биде прогласен за автогол на годината, или пак Али Ал-Хабси ќе биде прогласен за најсмотан голман. За среќа на голманот на Виган, неговиот тим со гол во последна минута го победи Ридинг со 3:2.
За фудбалските навивачи отсекогаш постоеле стереотипни мислења дека тие се пијаници, тепачи и хулигани кои само прават бељи, но многупати тие го докажале спротивното. Еден таков пример е третманот на навивачите на Астон Вила кон нивниот поранешен капитен, Стилијан Петров.
Навивачите на Монпеље немаат многу причини за славје во Лигата на шампиони затоа што францускиот шампион освои само еден бод, па тие на гостувањето кај Арсенал решија да глумат дека нивниот тим дал гол.
Русите го искористија гостувањето на Барселона во Москва на натпреварот од Лигата на шампиони против Спартак, за лично од човекот задолжен за економскиот и статегиски развој на клубот, потпретседателот Хавиер Фаус да го проучат бизнис моделот на Барселона.
Македонија ќе има барем еден претставник во фудбалска Европа и на пролет откако Наполи обезбеди пласман во следната фаза од Лига Европа. Таму можеби друштво ќе му прави и Даниел Георгиевски, а теоретски шанси има и Дарко Тасевски. Тричковски, Ибраими, Лазевски и Митрески се веќе елиминирани.
Луис Адриано од Шахтјор на натпреварот против Нордсјеланд постигна илеџиски гол кој беше прогласен за најсрамен и еден од најконтроверзните голови во историјата на Лигата на шампиони. Но историјата на фудбалот познава и други контроверзни голови.
Познати се повеќе случаи на аплицирање за тренерска функција во фудбалски клуб од страна на лица чија допирна точка со фудбалот е освојување на Лига на шампиони на компјутерска игрица, но за еден млад Азербејџанец долгогодишното играње FM се исплатеше и тој стана тренер на ФК Баку.
Не им требаше долго време на челниците на Челси да најдат замена за Роберто Ди Матео. Нов кормилар на Челси е Рафаел Бенитез, но сепак сенката на Пеп Гвардиола се уште се врти околу менаџската позиција на актуелниот европски шампион.
Во претпоследното коло од Лигата на шампиони, екипата на Манчестер Сити е елиминирана по ремито со Реал Мадрид, а пласман во следната фаза обезбедија Порто, ПСЖ, Шалке, Арсенал, Малага и Милан.
Милан избори пласман во следната фаза од Лигата на шампионите со победата над Андерлехт, а еден од головите беше дело на Филип Мексес во стилот на Ибрахимовиќ против Англија.
Навивачите на Галатасарај ги остварија своите најави. Комбинираниот состав на Манчестер Јунајтед потклекна на пеколот во Истанбул и загуби жешкиот стадион Али Семи Јен.
По серијата слаби резултати на екипата на Челси, а посебно по вчерашниот пораз од Јувентус по кој актуелниот шампион во Лигата на шампиони се најде на прагот на елиминација, раководството на клубот реши да му врачи отказ на Роберто Ди Матео.
Актуелниот шампион е пред елиминација откако во претпоследното коло загуби на гостувањето кај Јувентус. Меси постигна уште два гола и се доближи на само пет погодоци до рекордот на Милер, Манчестер Јунајтед не го преживеа пеколот во Истанбул, а Валенсија и Баерн Минхен одиграа нерешено.
Енцо Фернандез има 17 години и е најстар од четирите синови на Зинедин Зидан. Тој игра за младинците на Реал Мадрид и со гол на натпревар против Атлетико Мадрид докажа дека има потенцијал да биде наследник на неговиот татко.
Познатиот шпански весник Marca на својата вебстрана направи анкета на која над 66.000 посетители гласаа во изборот за најдобри ножички во историјата на фудбалот.
Вечерва Манчестер Јунајтед и гостува на екипата на Галатасарај на Али Семи Јен стадионот во Истанбул, на местото каде Англичаните во 1993-та година поминаа низ пекол и беа елиминирани од ова натпреварување.
Легендата на хрватскиот фудбал, Ќиро Блажевиќ го презеде кормилот на прволигашот Загреб и на 77 години се уште знае да ја забавува јавноста со своите уникатни тренинзи.
Минатата недела ја прославивме победата над Словенија и сите медиуми (вклучувајќи не и нас) ги одбележаа јубилејната 50-та победа и 200-от гол во историјата на фудбалската репрезентација. И сите згрешивме.
Англиската телевизија БиБиСи секоја година го избира најубавиот гол на сезоната во англискиот фудбал. Првото издание беше во далечната 1970/71, а тоа признание без конкуренција му припадна на Ерни Хант од Ковентри за голот постигнат на натпреварот против Евертон.