На Џејми Естрада, момчето за кое пишувавме дека на 28 години од претседател на еквадорскиот клуб Манта стана играч, не му требаше многу време да го постигне дебитантскиот гол. Влезе во игра во 85 минута и по само 2 минути ја затресе мрежата на Ел Национал.