Таг: играч

Напаѓач одбрани пенал во Англија

Голманот на МК Донс Коди Кропер доби црвен картон во 81' минута од мечот против Престон во Чемпионшип. Гостинскиот тренер веќе направи три измени, поради што немаше право да стави голман и пеналот го бранеше центарфорот Аксел Ревел кој влезе во 67' минута. Средбата заврши 1:1.

Претседателот даде гол

На Џејми Естрада, момчето за кое пишувавме дека на 28 години од претседател на еквадорскиот клуб Манта стана играч, не му требаше многу време да го постигне дебитантскиот гол. Влезе во игра во 85 минута и по само 2 минути ја затресе мрежата на Ел Национал.