Лигата на европа остана без многу атрактивни екипи како што се Интер, Лион, Ливерпул, како и бранителот на титулата Атлетико Мадрид. Но вчерашните продолженија на мечевите Рубин Казан – Леванте и Интер – Тотенхем се доволен доказ за неизвесноста во ова натпреварување.
Четвртфинални двојки:
Челси - Рубин Казан
Тотенхем - Базел
Фенербахче - Лацио
Бенфика - Њукасл
Првите средби се играат на 4 април, а реваншите се закажани за 11 април.