Интер - Тотенхем 4:1 (1:0)
Касано 20, Паласио 52, Галас 75 (автогол), Алварез 111 - Адебајор 96
И покрај високата предност од 3:0 која Тотенхем ја обезбеди на првиот дуел во Лондон, составот на Страмачони не се предаде и успеа да возврати со ист резултат кој го одведе мечот во продолженија.
Резултатот го отвори Касано со глава во 20 минута, а Паласио го зголеми водството на самиот старт во вториот дел со што ги отвори апетитите на Интер. На 15 минути до крајот на мечот по изведениот слободен удар на Касано, Галас реагираше несмасно и ја смести топката во сопствениот гол.
Во продолжението од мечот Адебајор успеа да се снајде помеѓу двајца одбранбени играчи на Интер и со голот во 96 минута им ги сруши надежите на „Нероаѕурите“. Конечните 4:1 ги постави Алварез со погодокот во 111 минута кој не беше доволен за пласман во четврфинале.
Рубин казан - Леванте 2:0 (0:0)
Рондон 100, Дјадун 112
По првите 0:0 во Шпанија, продолженија се играше и на мечот помеѓу Рубин Казан и Леванте кој во регуларните 90 минути заврши без голови. Рондон и Дјадун го однесоа рускиот состав во следната фаза.
Зенит - Базел 1:0 (1:0)
Витсел 30
Италијанскиот сратег Лучано Спалети не успеа да го однесе Зенит помеѓу најдобрите 8 екипи, затоа што на првиот дуел, швајцарците славеа со 2:0. Минималниот триумф на Зенит го обезбеди Витсел во 30 минута.
Челси - Стеауа Букурешт 3:1 (1:1)
Мата 34, Тери 58, Торес 71 - Кирикес 45
Македонскиот репрезентативец Даниел Георгиевски не настапи на гостувањето во Лондон, каде Стеауа Букурешт по триумфот на првиот дуел од 1:0 немаше сили повторно да го изненади европскот шампион. Резултатот го отвори Мата, а на крајот од првиот дел Кирикес внесе неизвеснот на мечот.
Во второто полувреме Тери и Торес го постигнаа резултатот кој беше доволен за пласман помеѓу најдобрите 8, а Фернандо Торес не го искористи ударот од белата точка за уште поубедлива победа.
Њукасл - Анжи 1:0 (0:0)
Сисе 90
Само неколку секунди недостасуваа мечот помеѓу Њукасл и Анжи да се одлучува во продолженијата поради оние 0:0 во Русија. Тоа го спречи Сисе кој погоди на самиот финиш од натпреварот.
Бордо - Бенфика 2:3 (0:1)
Диабете 74, Жардел (автогол) 90 - Жардел 30, Кардозо 75, 90
По минималната предност од 1:0, екипата на Бенфика триумфираше и на реваншот во Франција со 3:2.
Фенербахче - Викторија Плзен 1:1 (1:0)
Укан 44 - Дарида 61
По елиминацијата на Наполи во претходната нокаут фаза, екипата на Викторија Плзен не успеа да приреди уште едно изненадување. Турскиот претставник Фенербахче кој имаше предност од 1:0 на првиот дуел, ремизираше на вечерашниот реванш.
Лацио - Штутгарт 3:1 (2:0)
Козак 6, 8, 87 - Хајнал 62
Најубедлив тим во осминафиналето беше Лацио кој по победата на гостински терен против Штутгарт од 2:0, со хет трикот на Либор Козак повторно беше подобар од германскиот претставник. Инаку 23 годишниот фудбалер од Чешка е најдобар стрелец оваа сезона во Лигата на Европа со 8 погодоци.