Ламби кои зрачат топлина конфискувани од фарми за одгледување канабис низ Нотингемшир ќе бидат користени за растење на трева на фудбалски терен.
Фудбалскиот клуб Нотс Каунти ја доби оваа опрема како подарок од полицијата, а студенти-волонтери на ламбите ќе им постават тркалца, па ќе се добие целосна опрема за греење на фудбалски терен.
Оваа опрема која доколку тие ја купеле ќе чинела 15.000 фунти, ќе се користи во зимските месеци кога замрзнувала тревата на Мидоу Лејн стадионот заради сенката која ја прави централната трибина.
Нотс Каунти е оформен во 1862-та година и е најстар професионален фудбалски клуб на светот. Последен пат во најелитната англиска лига играле во сезоната 1991/92, а во моментов се натпреваруваат во третата по ранг лига во Англија.
Во 1903-та година фудбалскиот клуб Нотс Каунти испратил пакет со дресови во Торино и од тогаш Јувентус се натпреварува со црно-бели дресови. Нотс Каунти играше на отворањето на новиот стадион во Торино, а Јувентус возврати со натпревар на прославата од 150-годишнината на најстариот фудбалски клуб.