Каталонците срушија една, но продолжија друга традиција. Барселона стана првиот тим кој успеал да се врати по негатива од 2:0 во Лигата на шампиони, но со вчерашниот триумф продолжи една традиција која датира од 1958-та година и е поврзана со папите.
На 26 октомври во 1958-та година, Барселона го победи Реал Мадрид со 4:0, а 20 години подоцна, на 20 октомври во 1978-та година со истиот резултат ја совладаа екипата на Лас Палмас. Заедничко за овие два натпревари е тоа што тие се одиграле за време на конклавата за нов папа.
Исто како и во 1958-та и 1978-та година, вчера Барселона го одигра третиот натпревар во период на избор за нов папа во Ватикан и како што веќе знаете, повторно победи со 4:0.
Овој чуден податок го откри еден твитерџија, но дури по завршувањето на вчерашниот натпревар. Следниот пат кога ќе има избор за нов папа, прво прочепкајте низ архивите па потоа упатете се кон кладилница.
Tres partidos oficiales del Barça durante un Cónclave Papal: 4-0 vs Madrid (26.10.58), 4-0 vs Las Palmas (14.10.78), 4-0 vs Milan (12.03.13)
— Mister Chip (Alexis) (@2010MisterChip) March 12, 2013