ПСЖ-Барса и Баерн-Јуве во четвртфиналето

На денешната ждрепка во седиштето на УЕФА во Нион беа извлечени паровите за четвртфиналето на Лигата на шампиони. Најинтересни натпревари во оваа фаза ќе бидат дуелите помеѓу Баерн Минхен и Јувентус, како и ПСЖ и Барселона.

По возбудливите осминафинални натпревари, најелитното европско клупско натпреварување остана без Манчестер Јунајтед, Милан, Арсенал, Порто, Шалке Селтик, Валенсија и Шахтар, а по четвртфиналната фаза Лигата на шампиони ќе остане без уште 4 гиганти.

Во четвртфиналето ќе се сретнат:

Малага - Борусија Дортмунд
Реал Мадрид - Галатасарај
ПСЖ - Барселона
Баерн Минхен - Јувентус

Првите натпревари ќе се одиграат на 2 и 3 април, а реваншите се закажани за 9 и 10 април.

15 март 2013 - 12:18