Леонардо ја запроси девојката по ждребката за ЛШ

Веднаш по извлекувањето на паровите за четвртфиналето од Лигата на шампиони, спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо во живо на Скај Италија ја запроси водителката.

Откако водителите завршија со прашањата, Леонардо побара и тој да постави едно прашање, па ја побара неговата девојка, водителката Ана Било за жена.

Засрамената водителка му даде потврден одговор и му најави дека дополнително ќе се разберат дома.

15 март 2013 - 13:47