По елиминацијата на актуелниот европски шампион Челси во групната фаза од Лигата на шампионите, Стеауа Букурешт има тешка, но остварлива можност да го исфрли предвреме составот на Рафа Бенитез и од второто по ранг клупско европско натпреварување.
По долгата четиримесечна пауза поради скршеницата на ногата, Даниел Георгиевски се врати во составот на Стеауа и беше во стартните 11 во домашното првенство. Според информациите на романските медиуми тој најверојатно ќе добие шанса од клупата за резервни играчи.
Според резултатите од првите средби најнеизвесно во Лигата на европа ќе биде на средбите Рубин Казан - Леванте и Њукасл – Анжи каде немаше голови по првите 90 минути.
Значајна предност од 2:0 која им ги зголеми шансите за пласман помеѓу најдобрите 8 имаат Лацио и Базел, а најтешката мисија ја има тимот на Страмачони кој беше високото поразен во Лондон.
Реванш осминафинални двојки:
Рубин Казан – Леванте (0:0)
Зенит – Базел (0:2)
Интер – Тотенхем (0:3)
Бордо – Бенфика (0:1)
Челси – Стеауа Букурешт (0:1)
Фенербахче – Викторија Плзен (1:0)
Лацио – Штутгарт (2:0)
Њукасл – Анжи (0:0)
Во заградата се резултатите од првите натпревари