Скок од 5 позиции на ФИФА ранг листата

Македонија продолжува со напредокот на ФИФА ранг листата. На последното рангирање, фудбалската репрезентација на Македонија напредуваше за пет позиции и се искачи на 73-то место.

Во изминатиот месец македонската фудбалска репрезентација не одигра ниту еден натпревар, но сепак заработи 22 поени со кои напредуваме до 73-та позиција на мартовското издание на ФИФА ранг листата.

Пред нас е репрезентацијата на Гвинеа, а веднаш зад нас е Израел.

Следниот противник на Македонија од квалификациите за Светското првенство, репрезентацијата на Белгија напредуваше за 1 позиција и се пласира на 19-то место.

Најдобра репрезентација од нашата квалификациска група е Хрватска (9), следуваат Србија (35) и Шкотска (66), а Велс е само 2 позиции пред нас.

На врвот на листата нема промени. Прва е Шпанија, пред Германија, Аргентина, Англија и Италија. Следат Колумбија, Португалија, Холандија, Хрватска и Русија.