Претходно пишавме за најкатастрофалниот машки фудбалски тим во Британија, ви раскажавме и за најлошиот јуниорски тим, а ги имаме и носителките на титулата за најлош женски фудбалски клуб. Тоа се фудбалерките од Керфили Кесл.
Викендов тие загубија со 43:0, а претходно имаа забележано порази од 36:0, 28:0, 26:0, 18:0... По 10 одиграни кола тие се убедливо последни со 10 порази. На овие 10 натпревари тие имаат постигнато само 1 гол, а примено 219! Единствениот постигнат гол им е при поразот од 14:1 од Карнарфон Таун.
Керфили Кесл е еден од најголемите женски фудбалски клубови во Велс, но пред почетокот на оваа сезона целиот прв тим си заминал и му се приклучил на новооформен локален ривал. Тие до толку немале фудбалерки, што покрај јуниорките, на првиот тим му се приклучила и претседателката на клубот кој била приморана да се врати од пензија.