Најлошиот тим победи по пет години

Англискиот фудбалскиот клуб Ханкоут Јунајтед има голем повод за славје. По цели пет години и близу 100 одиграни натпревари, фудбалерите на еден од најслабите клубови на планетава конечно победија.

На сениорско ниво најлош фудбалски клуб е Мадрон, но на јуниорско ниво тоа дефинитивно е Ханкоут Јунајтед, тим кој се натпреварува во лига за фудбалери до 15 години.

Лигата во која се натпреваруваат е оформена пред пет години, а минатата година тие го освоија и првиот поен. По пет години натпреварување, односно 94 одиграни натпревари и дури 933 примени голови, Ханкоут Јунајтед го победија Брирфилд Селтик со 2:0.

Од оформувањето на лигата, овој клуб секоја година е убедливо последен (за среќа нема испаѓање), а нивен рекорден пораз е 25:0.

25 јануари 2013 - 09:07