Фудбал

Балотели изненади на тренинг

Контроверзниот напаѓач на Манчестер Сити вештините за изведување слободни удари очигледно си ги чува само за во потесно друштво. Од прецизноста на тренингот на Манчестер Сити се изненадил и мајсторот за слободни удари Александар Коларов. 

„Спорт“ го прогласи победникот

Каталонскиот весник „Спорт" Златната топка и ја додели на Евангелина Андерсон, поранешна девојка на фудбалерот на Малага Мартин Демикелис. За разлика од Меси кој своите конкуренти ги победи со 41,60% од гласовите, Евангелина беше поубедлива со 57%.

Тепачка без усул

Шокантните снимки доаѓаат од Чиле, каде на аматерски меч настрадаа двајца судии. Главниот делител на правдата легна на теренот и е потешко повреден, но зачудуваат боречките вештини на фудбалерите кои го оставија без заби помошниот судија.

Меси под максимална заштита

Од најдобриот фудбалер на светот изгледа дека е многу тешко да се земе автограм. Во неговата близина се создаде голема мешаница, при што неговите телохранители на груб начин ја расчистуваа гужвата и турнаа на земја жена со дете.

Голчиштето на Роналдо

Реал Мадрид успеа да ја надокнади предноста на Селта Виго од првиот натпревар и се пласираше во четврт-финалето од шпанскиот куп, а творец на победата беше Кристијано Роналдо кој го отвори резултатот со овој прекрасен гол уште во 3-та минута.

Корејците растурија со местење

Светската куќа на фудбалот (ФИФА) доживотно суспендираше 41 фудбалер од најважната споредна работа во светот, но им забрани да пополнуваат и тикети во обложувалниците од каде заработувале милиони.

Сисе по стапките на Бекам

Фудбалерот на Премиерлигашот Квинс Парк Ренџерс го претстави својот парфем „Mr Lenior" кој излезе во продажба за сума од 59 фунти.

3000 километри само за Тоти

Навивачот кој 20 години сонувал да го запознае капитенот на Рома, возел 27 часа со автомобил без да склопи око. Возбуден поради средбата со својот идол, не памети ништо од разговорот со него.

Тики-така на грчки начин

Мајсторијата популарно наречена тики-така која единствено може да ја видиме во игрите на Барселона им успеа на грчки јуниорски фудбалери. Со 21 додавање без ниту една грешка, талентираните деца ја воодушевија публиката.

Ривалдо не се дава

Иако на негова возраст вообичаено активно играат фудбал најчесто голманите, бразилската ѕвезда си најде нов клуб. Кариерата ќе ја продолжи во втората бразилска лига во тимот на Сао Каетано.

Што ли му бидна на фудбалеров?

Несекојдневниот настан се случил во Иран каде на сред натпревар фудбалерот наеднаш полуде. Во ваква улога обично сме навикнати да ги гледаме ултрас навивачите кои често пати знаат да предизвикаат слични инциденти.

Наградата „Ференц Пушкаш“

Според изборот на ФИФА, Словачкиот фудбалер Мирослав Стох го постигна најубавиот гол за 2012 година. Членот на Фенербахче победи во конкуренција на ремек делата на Фалкао, Нејмар и Ибрахимовиќ. 

Чеде и Пандев гласаа за Меси

Лео Меси четврта година по ред е прогласен за најдобар фудбалер на планетата. Со тоа го сруши митот за Мишел Платини, Јохан Кројф и Марко Ван Бастен кои имаат освоено по три златни топки.

Феноменот ќе студира маркетинг

Легендарниот Роналдо интензивно ќе се подготвува за новата улога како член на организациониот одбор на Светското фудбалско првенство во Бразил 2014, како и за Олимпијадата во Рио во 2016 година.

Сонот на Иниеста се викал Реал Мадрид

На видео снимката Андрес Иниеста има 12 години и е дел од младинската школа на Барселона. Денеска неговата желба е кариерата да ја заврши на „Камп Ноу", но како дете имал други сништа.

Милан во борба против расизмот

По непријатното искуство против четвртолигашот Про Патрија, „Росоњерите" сами тргнаа во борба против злото кое често пати е присутно на стадионите ширум светот.

Најстариот премиерлигаш дувна 150 свеќи

Стоук Сити е најантичкиот клуб во Премиер лигата кој е основан во далечната 1863 година под името Стоук Ремблерс. Во својата 150 годишна историја има освоено само еден Лига Куп.

Еволуцијата на Демба Ба

На Фернандо Торес му беа потребни 734 минути да го постигне првиот гол во дресот на Челси, а Демба Ба го стори тоа за 34 и го комплетираше дебито од соништата со уште еден гол. Кариерата на францускиот Сенегалец во последните години се развива како на филмска лента.

Голови на неделата

Помеѓу изборот на TVGOLO за 10-те најдобри голови од изминатите 7 денови оваа недела се најдоа и мајсториите на Волкот, Самарас, Бејнс...

Фејсбук го избра Пирло за најдобар играч во Серија А

Италијанскиот репрезентативец е изгласан за најдобар фудбалер на годината од страна на фановите на официјалната Фејсбук страна на Серија А. Веќе две сезони игра како препороден во дресот на италијанскиот шампион Јувентус.

Сидорф доби телевизор

Кларенс Сидорф доби награда телевизор. И тоа не обичен телевизор, туку колор телевизор со телетекст и далечинско. Не е шега или монтажа. Ова е една постара снимка од холандско шоу каде учествувало и семејството Сидорф.

Нумерологијата на копачките на Роналдо

Ѕвездата на Реал Мадрид ќе носи нов пар на копачки, модел CR Mercurial IX на кои има седум бројки секоја со свое значење.

Меси: Гладни сме за успех

World Soccer магазинот по 30-ти јубилеен пат ја доделија најстарата фудбалски награда и како што и се очекуваше, таа му припадна на Лионел Меси. Во интервју за магазинот тој се потсеќа на првиот контакт со топката, соработката со Виланова на 14 годишна возраст па се до начинот на исхрана.