Последниот контроверзен момент ни доаѓа од мечот помаѓу Висла Краков и Легија Варшава во рамките на полскиот фудбалски шампионат одигран овој викенд, а оваа грешка која е на душа на судијата кој се наоѓа зад голот, домаќините ги чинеше пораз.
Фудбалерите на Легија славеа на гостувањето со 2:1, но при првиот погодок на Двалишвили во 13 минута, топката при асистирањето доста длабоко е навлезена надвор од теренот пред очите на судијата.
Но екипата на Висла Краков е само една од многуте екипи кои се жртви на лошото судење овој период. Само во четвртфиналните натпревари од Лигата на шампионите беа постигнати дури 4 гола од чиста офсајд ситуација.
На реванш мечевите погодоци од офсајд постигнаа екипите на Малага, Борусија и Реал, а на првиот дуел помеѓу ПСЖ и Реал кој заврши 2:2, Златан Ибрахимовиќ иако беше во недозволена ситуација пред очите на судијата зад голот, не беше прекината акцијата при постигнување на погодокот.
И покрај долгите анализи и дебати на фудбалските стручи лица за тоа како треба да се решаваат ваквите контроверзни ситуации во фудбалот, првиот човек на УЕФА Мишел Платини не попушта, а неодамна изјави дека новата гол технологија била премногу скапа.