Иако се наоѓа на возраст со која на фудбалските терени може почесто да сретнеме по некој голман, Ривалдо кој од оваа сезона е дел од бразилкиот тим Сао Каетанео не успеа да избори пласман во првата бразилска лига и за прв пат во својата 22 годишна кариера ќе биде дел од втората дивизија.
„Многу сум тажен што не успеавме да останее во елитното прволигашко друштво и морам да кажам дека прв пат се наоѓам во ваква ситуација. Имам одлична фудбалска приказна зад моето минато и ова нема да ме сруши. Се уште ќе се продолжа да се борам", изјави поранешниот Бразилскиот репрезентативец.
Ривалдо кој во 1999 година беше избран за најдобар фудбалер на светот смени ногу клубови во кариерата, а најблескавите моменти ги мина со тимот на Барселона каде настапуваше 5 години.