Ова навидум адекватно решение на Лигата, е огромен удар за фудбалскиот клуб Монако кој иако се наоѓа на територијата на Монако, која се води како посебна независна држава, е дел од француското првенство од далечната 1933 година.
Претпоставките се дека оваа одлука на Французите е донесена како контранапад врз рускиот тајкун Дмитри Риболовљев кој го купи клубот откако пред две години испадна во втората лига.
За разлика од останатите милијардери, тој во Монако освен што почна да вложува многу пари за да го врати клубот на старите патеки, кој од наредната година би им конкурирал на водечките екипи ПСЖ, Лион и Марсеј, има уште една голема привилегија.
Како што е познато Монако е рајската и омилена дестинација за богаташите каде даноците се многу мали, а со тоа Риболовљев е ослободен од плаќање на високи даноци, нешто што не важи за Катарците кои го водат Парис Сент Жермен.
Претседателот на Франција, Франсоа Оланд ги пресече Шеиците со нивното расфрлање пари, па така од неодамна предложи закон со кој клубовите ќе треба да плаќаат дури 75% данок за секој играч кој ќе заработува милион евра месечно.
Оваа одлука на Здружението на прволигаши, медиумите во Франција ја толкуваат како потег со кој уште на старт би се сопрел нееднаквиот третман на милијардерите кои вложуваат во францускиот фудбал.
Уште поточно ова би претставувало и еден вид заштита за Емиратите кои освен револуцијата која ја создаваат со тимот на ПСЖ, ги имаат правата за натпреварите од француското првенство и Лигата на шампионите преку ТВ каналот Ал Џезеира.
На ваквата одлука, челните луѓе на Монако кој е пред влез во првата лига веднаш реагираа. Легендарниот Жан Луис Кампора кој беше претседател на Монако 28 години, повторно се врати во управата на клубот и изрази големо разочарување поради одлуката на Лигата.
„Шокирани сме од оваа одлука, но нашата историја е тука. Ние се во Монако, а тука ќе останеме и во иднина. Веќе поднесовме жалба до Здружението на прволигаши и се надеваме дека ќе ги стопираме овие реформи во статутот", изјави Кампора.
Доколку нивната жалба не успее да промени ништо, раководните луѓе на Монако најавуваат дека ќе поднесат жалба и на Суд, каде ќе се повикаат на договор помеѓу Француската држава и Кралството на Монако склучен во 1869 година.