Италија најдобро ги плаќала странците во 2012 година

Според истражувањата на интернационалниот „Глобал Маркет Трансфер" италијанските клубови, изминатата година со просечна плата од 550 илјади евра им давале највисоки плати на фудбалерите кои дошле од странство во 2012.

Оваа студија е изготвена од страна на „Глобал Маркет Трансфер" кој произлегува од базата на податоци (трансфер маркет систем) во која мора да поминат сите трансфери на професионални играчи од цел свет.

Истражувањето кое го објави ФИФА покажува дека помеѓу шесте земји кои најдобро ги плаќала странците изминатата година, ја нема Шпанија. Највисоките плати на интернационалците кои потпишале во 2012 година се на чизмата, каде земале просечна плата од 720 илјади долари, потоа во Англија 680 илјади, а на третото место е Бундес лигата со 390 илјади долари.

Инаку во 2012 година 339 фудбалери ја напуштиле Серија А за да печалат во странски клубови, а на чизмата договори од странство потпишале 263 играчи.

Податоците покажуваат дека бразилските клубови лани продале играчи во износ од 121 милион евра, пред португалските кои инкасирале 91 милион евра и италијанските кои се многу блиску со заработка до Португалија.

Севкупно ФИФА објави дека во 2012 година биле реализирани 11 552 трасфери на цела планета, еден процент повеќе од 2011, а вкупната сума за сите овие играчи изнесувала 2,53 милијарди долари, 10% повеќе од претходната година.

Дури 70% од трансферите се извршени со играчи на кои им завршувал договорот, а 16% се реализирани со позајмица.

16 април 2013 - 17:40