Уште една од оние „добро е, и на запад има полоши од нас" вести. Натпреварот од англиската конференција (5-та по ранг лига во Англија) помеѓу Њутаун и Алфретон започна со задоцнување од 10 минути откако судиите откриле дека еден од головите е повисок од стандардите.
Пречката на голот била повисока за дури 15 сантиметри, па натпреварот не започнал додека домаќините не го вкопале голот подлабоко во земја.
Kick off delayed at Rodney Parade due to one of the goal post being to high..... Teams are now out on the pitch
— Newport County AFC (@NewportCounty) April 13, 2013
Проблемот најверојатно настанал затоа што фудбалскиот клуб Њупорт го дели овој стадион со рагби тим и често се вадат стативите, па домаќините уверуваат дека грешката не била намерна.
Екипата на Њупорт победила со 2:0 и се искачи на 3-та позиција која ги води во плејофот за пласман во 4-та лига.