Протест на екипата „Едвај се собравме“

Терен без трева, буцкасти фудбалери, екипа „едвај се собравме" со само осум фудбалери... не, ова не е извештај за натпревар од македонски фудбал. Трагикомичната сцена се случи на нисколигашки натпревар во Италија.

Поради големите казни на шестмина фудбалери од кои петмина се санкционирани со 5 меча неиграње, а еден со дури 8 натпревари казна, гостите од Фојано биле цврсто решени да не го одиграат натпреварот против Сан Џорџо.

Фудбалерите на Фојано се појавија во неполн состав со само 8 играчи, колку што впрочем и имаа на располагање. Најпрвин својот протест го изразија со транспаренти, а потоа седнаа на теренот.

Комедијата кулминира кога еден од фудбалерите за време на седењето се жали на повреда поради која го напушта теренот и екипата на Фојано останува со само 7 играчи и според прописите, судијата е приморан да го прекине натпреварот.

16 април 2013 - 12:02