Фудбал

Карикатуристот Бербатов

Димитар Бербатов е познат по неговиот фудбалски талент, но има и некои други вештини во кои е добар надвор од теренот. Бугарскиот интернационалец црта карикатури на познати фаци и ги објавува на својата Фејсбук страна.

Фудбалери од врата на врата канат гледачи на натпревар

Исто како и на фудбалските натпревари во Македонија и на стадионите во Сингапур има троцифрен број на навивачи, но таму на фудбалерите им смачило да играат пред празни стадиони, па почнале да одат од врата на врата и да ги канат гледачите да дојдат на натпревар.

Големиот Дрогба

Напаѓачот на Галатасарај, Дидие Дрогба при воздушен дуел на натпреварот против Ордуспор, нокаутираше противнички фудбалер кој во полусвесна состојба беше итно одведен со амбулантно возило. По завршувањето на натпреварот, првото нешто што Дрогба го стори беше посетата на нокаутираниот ривал во болница.

Ново ремек-дело на Герет Бејл

Головите од далечина со кои ги решава натпреварите во финишот, како да му станаа навика на Герет Бејл. Синоќа тој повторно постигна два погодоци, а вториот беше во самата завршница со што му ја донесе победата од 2:3 на својот Тотенхем на гостувањето кај Вест Хем.

Комичниот автогол на Галатасарај

Екипата на Галатасарај засилена со Дрогба и Снајдер беше огромен фаворит против Ордуспор, но веќе на полувремето губеше со 0:2. Гостите поведоа во 15-та минута со автоголот во кој главните улоги ги имаа голманот Муслера и Селчук Инан. Во второто полувреме Галатасарај направи целосен пресврт со голчиштето на Снајдер, два погодоци на Јилмаз и еден на стрелецот на автоголот.

Ѕампарини си игра мајтап со тренерите

Претседателот на Палермо продолжува во ист стил со политиката на менување на тренери. По вчерашното отпуштање на Алберто Малезани кој издржа само три кола на Сицилија, Ѕампарини повторно го врати Џан Пјеро Гасперини кој беше избркан пред три недели.

Гатузо со нова улога како тренер-играч

Претседателот на Сион, Кристијан Константин донесе необична одлука по вчерашниот пораз на неговиот тим од 4:0 од екипата на Тун. Раководството на швајцарскиот прволигаш одлучи тренерската функција да му ја додели на Гатузо кој оваа сезона дојде од Милан.

Бекам под посебен видео надзор

Иако славниот ветеран беше само 14 минути на теренот и учествуваше во акцијата при постигнувањето на голот на Ибрахимовиќ, французите си направија шоу од неговиот деби настап. 

ФИФА одобри нова технологија за гол линијата

Германската компанија „Каирос" ја доби концесијата од Светската куќа на фудбалот за користење на новата гол технологија, која за прв ќе биде испробана на Светското фудбалско првенство во Бразил 2014 година.

Оскарот оди за...

Помеѓу номинираните за најдобра главна машка улога на Оскарите се најде и една ѕвезда од Барселона. Погодувате кој?

Гвардиола ги шпионирал фудбалерите на Барселона

Според шпанските медиуми, новиот тренер на Баерн Минхен ги користел услугите на детективска агенција додека бил на кормилото на Барселона за да ги следи фудбалерите во нивното слободно време.

Дерби дела Мадонина без победник

180-то првенствено дерби на Милано заврши без победник. По интересен и неизвесен натпревар, градските ривали Интер и Милан поделија по едно полувреме, а на крајот и ги поделија поените.

Пропаднатиот трансфер на Хановер

Бундеслигашот Хановер кој во зимскиот преоден рок донесе тројца засилувањата во своите редови, ниту помисли дека може да се соочи со два ненадејни проблеми околу младиот дефанзивец Франка кој се уште нема настапено за тимот.

Голови на неделата

Погледнете го редовниот преглед и изборот на TVGOLO од најдобрите 10 голови во изминатите 7 денови.

Новото лого на ПСЖ

Со доаѓањето на новите богати газди од Катар, Парис Сент Жермен го претставни новото лого, но со бришењето на годината на основање „1970", претпоставките укажуваат дека со тоа клубот сака да ја означи новата ера во клубот.

Новиот асистент на тренерот

За време на тренинзите на екипа од третата полска лига, овој тренер доби нов асистент кој го следи секој неков чекор. За сега останува непознато, дали се тандем и за време на натпреварите.

Рекордни отпуштања во Англија

Во текот на оваа натпреварувачка сезона дури 40 проценти од клубовите ги прекинале договорите со тренерите. Статистички гледано оваа сезона си заминале најмногу тренери во однос на претходните 6 години.

Мотивациското видео на Барселона

По поразот од 2:0 на гостувањето кај Милан, екипата на Барселона треба да направи голем камбек на Камп Ноу, нешто што не е невообичаено во историјата на клубот. За да ти потсетат и мотивираат навивачите, но и самите фудбалери, Барселона на својата вебстрана го објави ова кратко видео.

Навивачите на Фенербахче уфрлија бакљи со падобран

Турците се надминуваат себеси. Заради фрлање на бакљи, УЕФА им забрани на навивачите на Фенербахче да присуствуваат на натпреварот против БАТЕ Борисов, но тие повторно најдоа начин како да уфрлат бакљи на терен.

Пандев се прости од Европа, Стеауа го шокираше Ајакс

Со поразот од Викторија Плзен од 2:0, екипата на Наполи уште еднаш го потврди бледото издание на меѓународната сцена. Вториот наш претставник во Лигата на Европа, Даниел Георгиевски ги продолжува настапите во осминафиналето, откако по регуларните 2:0, Стеауа славеше на пенали против Ајакс со 4:2.

Билети за Хрватска – Србија ниту за лек

Квалификацискиот натпревар помеѓу двата големи ривали од нашата група предизвика вистински хаос на продажните места во неколку хрватски градови. Хрватските навивачи спиеа на температури под нулата, само за да бидат дел од големата битка на 22 март на „Максимир".

Погледнете ги овие загрижени лица

По враќањето од Милано, фудбалерите на Барселона изгледаат како да се веќе елиминирани од Лигата на шампионите. Еве како изгледаше каталонскиот тим по поразот од Милан со 2:0.

Манчестер Јунајтед е најмалку посакуван гостин

Играњето на гостински терен е тешка задача за секој клуб во Премиер лигата. Во 21-годишната историја на лигата, само Манчестер Јунајтед има победено на повеќе од половината гостински натпревари.

Невозможнa мисиjа за Наполи

Единствените двајца македонски претставници во второто по ранг клупско европско натпреварување, вечерва се пред тежок испит. Горан Пандев ќе ја брка предноста на Викторија Плзен од 3:0, а тимот на Даниел Георгиевски со негатива од 2 гола го пречекува Ајакс.