UNIQA и Македонски Телеком во финалето на Бизнис Лигата

Вечерва во СЦ Борис Трајковски се одиграа полуфиналните натпревари од завршната фаза на Бизнис лигата по кои екипите на UNIQA и Македонски Телеком изборија пласман во големото финале.

Нухиу – Каштањева рецепт за победа над ЈСП..
ЈСП 3-8(1-1) UNIQA
ЈСП: Давор Калиновски 7', Марјан Србиновски 26', Дејан Блажевски 28'
UNIQA: Арбен Нухиу 9', 27', 37', Каштањева Љуљзим 25', 36', 38', Ибиш Мисини 28', 38'

Крајно изедначено прво полувреме со многу тактички надмудрувања и на двете страни. И двете екипи во текот на целото полувреме играа со многу малку грешки во нападот што не овозможи ни една од нив да постигне лесен погодок. Полувремето заврши нерешено со 1-1. Во второто полувреме се играше гол за гол се до моментот кога проработе тандомот на UNIQA Каштањева-Нухиу кои ја свтреа играта во своја полза, остварија убедлива предност и го водеа својот тим до победа од 3-8.

Македонски Телеком го сочува голот предност..
ЕЛЕМ 0-1(0-0) Македонски Телеком
ЕЛЕМ: /
Македонски Телеком: Михајло Лазаревски 25'

Прво полувреме имаше крајно слаба реализација во нападот, што пред се се должеше на добрата одбрана која ја играа и двете екипи. Двете екипи покажаа дека се доста добро физички подготвени, не дозволувајќи противникот да добие чиста позиција за гол. Полувреме 0-0. По само 5 минути од вториот период екипата на Македонски Телеком постигна погодок со кој оствари предност од 0-1, која вешто ја чуваше во текот на целото второ полувреме играјќи доста повлечено пред својот гол се до конечни 0-1 до крајот од натпреварот.

22 мај 2013 - 22:04