Џон Барнс од Ливерпул и Ерик Кантона од Манчестер Јунајтед беа капитените на финалето од ФА Купот на кое настапија многу ѕвезди како Гигс, Бекам, Шмајхел, Кол од една страна и Дејвид Џејмс, Мекманаман, Роби Фаулер кои настапуваа за тимот од „Енфилд Роуд".
Капитенот на Ливерпул, Џон Барнс денеска можеше да биде побогат за 15.000 фунти доколку не се исфрустираше од поразот и не го фрлеше дресот од славниот фудбалер од спротивниот табор.
Натпреварот го решил Ерик Кантона со гол во 85 минута, а двајцата капитени спортски си подале рака по мечот и си ги размениле дресовите. Но на Барнс не му било до туѓи дресови и само што стигнал во соблекувалната, изнервиран од поразот го фрлил на подот.
Неговиот колега Рудок очигледно сакал да го поседува дресот од ѕвездата на Манчестер и го прашал својот колега дали може да го земе испотениот дрес од Кантона за да си го чува како спомен.
По 17 години пензионираниот фудбалер кој се занимава со глума, а се појавува и во телевизски шоуа, си го сочувал дресот и го продал за аукција за 15.000 фунти.