Мадридското дерби во 2014-та на „Висенте Калдерон“ беше посебно жестоко. Во деновите пред дербито, „Јорганџиите“ гледале дека екипата е готова да загине на теренот, но на мечот беа сведоци како судијата „ги закла“.
Два чисти недосудени пенали пред голот на Реал го распалија „Калдерон“, а кога судијата не го виде грубиот фаул на Арбелоа над Диего Коста тоа ги убеди навивачите дека судијата ги премина сите граници.
Границите ги помина и Херман Бургос кој му се пушти на судијата. Дури седум души од стручниот штаб вклучувајќи го и Симоне едвај го задржаа помошникот тренер. Неколку минути Бургос му се заканувал по живот на судијата пред да го напушти техничкиот простор.
Во своите извештаи од тој натпревар многу новинари не пропуштија да се сетат и на инцидентот две години пред овој натпревар меѓу Бургос и тогашниот тренер на Реал, Жозе Мурињо.
Во еден метеж, Жозе од клупата му направил непристоен гест на Бургос, а овој од пред клупата му се пуштил на Португалецот и му рекол: „Слушај Жозе, јас не сум Тито (Виљанова), ќе ти ја скинам главата“.
Бургос го спомнал Тито на кого Мурињо една година претходно му пикна прст во око за време на тепачката во последните минути од реваншот на Супер Купот со Барселона. После гужвата против Атлетико, новинарите го прашале Мурињо за инцидентот со Бургос а тој одговорил со прашање: „А кој е тој Бургос“?
Идниот помошен тренер на Атлетико Мадрид е роден во Мар дел Плата, популарното аргентинско одморалиште. Како и многу Аргентинци од овој дел, така и Херман морал да бара работа во Буенос Аирес до каде од родниот град имало 400 километри.
На периферијата на престолнината младиот Бургос почнал да тренира и дебитирал во професионалниот фудбал за клубот Ферокарил Оесте. Таму поминал пет сезони, но само во последните две бил прв голман.
Но и тие две години биле доволни да го привлече вниманието на скаутите на Ривер Плата клуб кој од таму ги земал и Бургос и Роберто Ајала.
Но за разлика од другар му Роберто кој после една година се преселил во Наполи, Бургос останал во дресот на „милионерите“ цели пет сезони. Вистина е дека Херман се помалку и помалку бил на теренот затоа што изгубил место од конкуренцијата.
Но за тоа малку време додека бил прв голман Бургос ги навикнал навивачите на ризичниот начин на игра. Херман никогаш не бил гарант за неприкосновеност, но со својата игра кај гледачите и коментаторите будел емоции, особено кога низ нога му ја протнувал топката на напаѓачот пред празниот гол или кога лудачки скокал на мртви топки. Често правел и киксови.
Правел киксови и надвор од теренот. Во своите интервјуа често давал остри изјави на сметка на Хозе Луис Чилаверт. Најдобриот парагвајски голман во историјата му бил голем непријател, а тензијата нараснала кога двајцата се нашле очи во очи на фудбалски терен.
Во следното коло по изјавата на Бургос се сретнале во аргентинската Примера на дуелот Ривер Плејт и Велез Сарсфилд за кој тогаш бранел Чилаверт. За време на полувремето Бургос решил да дискутира со судијата за еден спорен момент, кога Чилаверт искористил еден слободен удар додека неговиот играч лежел на земја и од пола терен и го лобувал неспремниот Бургос за еврогол.
„Му викнав на судијата да се тргне, а се останато беше детска игра. На прв поглед изгледаше дека топката ќе оди високо над голот, но падна како камен вертикално и заврши зад голманот“, се сеќава Чилаверт на тој момент кога Велез победил 3:2 и станал шампион со неговиот гол. „Тоа беше средба со ангелот“, додава парагвајскиот голман за чудната траекторија на топката по неговиот удар.
Година дена пред овој момент Бургос примил гол и од другиот голман-бомбардер Рене Игита. Во Копа Либертадорес 1995-та година во полуфиналето се сретнале Ривер Плејт и колумбискиот Атлетико Насионал со легендарниот Игита на голот. Првиот меч се играл во Меделин и резултатот долго време бил непроменет а го решил глупавиот фаул на Рикардо Алтамирано после кој Игита постигнал ефектен гол од слободен за делириум на стадионот.
По двомечот Ривер испаднал од Копа Либертадорес, но Херман Бургос не бил злопамтило: „Рене е просто прекрасен. Кога се запознавме тој понуди да ми го покаже ударот „скорпион“. Тогаш немавме тренер на голманите така што можевме да си приуштиме такво нешто“, се сеќава Бургос во едно од своите интервјуа на времето.
За пет сезони во Ривер Бургос не освоил ниту еден трофеј, ниту лична награда или признание. Време било да менува нешто и Херман решил да се пресели во Европа.
Аргентинецот ја продолжил кариерата на Балеарските острови, но престојот во Мајорка не го памети по добро: на еден од првите натпревари го удрил фудбалерот на Еспањол Маноло Серано, му ја скршил вилицата и му нанел потрес на мозок поради што го казниле 11 натпревари. Поради неурамнотеженото однесување и долгата коса до раменици, Херман го добил прекарот Mono што во превод од шпански значи „мајмун“. Но самиот Бургос не се лутел на овој прекар, дури и на својот Фејсбук профил е потпишан Херман Mono Бургос.
Кога му завршила дисквалификацијата се вратил на голот на Мајорка и во репрезентацијата на Аргентина. Бургос за „Гаучосите“ за седум години бранел на само 35 меча, а прв голман никогаш не бил.
Наскоро Бургос ретко бранел и во Мајорка, за „Остројваните“ настапил вкупно 12 пати кои ги одбележил со чудна навика (на полувремето облекувал посветол дрес).
Но што подолго седел на клупа, се повеќе размислувал за пензија. Истовремено сериозно се заинтересирал за муика, па дури и свирел во неколку шпански рок-групи. По Мајорка потпишал со Атлетико Мадрид, со овој клуб завршил прв во Сегунда и влегол во Примера. Со неговиот индијански изглед и харизмата, Бургос ги освоил навивачите на Атлетико каде денес е помошен тренер.
Следната сезона Атлетико играше во Примера, но Бургос не бил на нивото од претходната година. Причините не биле само спортски, затоа што во 2003-та му дијагностицирале рак. Операцијата била на денот на еден натпревар, но Херман се противел: „Дајте да се оперирам во понеделник, играме викендов“.
Атлетико тогаш победил, а неколку месеци подоцна докторите соопштиле дека Аргентинецот ја победил болеста. Бургос за “Јорганџиите“ одигра уште една сезона после што решил да ја заврши кариерата.
Секој играч во кариерата има некоја епизода по која навивачите го паметат и по што е карактеризиран тој фудбалер. Навивачите на Атлетико го помнат Аргентинецот како голман кој му одбранил пенал на Луис Фиго во мадридското дерби и по тоа што доиграл еден меч со крвав нос.
Бургос можеби изгледа смешен во широки панталони и црвено капче но „Колчонерос“ гордо го гледаа на прославата на титулата кога гордо стоеше до Диего Коста и Диего Симеоне.
По крајот на кариерата, Херман Бургос во целост и се посветил на музиката. Создал рок-група The Garb (скратеница од Germán Adrián Ramón Burgos). Харизматичниот голман брзо ја направил позната својата група. Тој е првиот човек што од фудбалот директно влегол во музичката индустрија.
Па дури и денес кога Бургос е врзан со договор со Атлетико Мадрид, тој наоѓа време за одмор да свири со својата група која што собира и свират во ноќните клубови во Буенос Аирес. Бендот се уште е активен и досега успеал да сними пет албуми.
Шест години Бургос живеел без фудаблот. Точно толку му требало да сфати дека за целото време го сакал само фудбалот. „Никогаш не планирав да бидам тренер. Но посилно беше од мене. Факт е дека не можам да живеам без фудбал. Музиката засекогаш ќе биде со мене. Сега сум долженд а бидам професионален во тренерската работа, што значи секојдневно да гледам и да изучувам фудбал“, вели некогашниот херој на Ривер Плата и Атлетико Мадрид.
Кога ја добил тренерската лиценца, Херман станал тренер на Карабенчел во регионалната шпанска лига, но во јануари следната година Диего Симеоне го викнал со него во Катанија. Двајцата се добри пријатели уште од времето иако не успеале заедно да играат за Атлетико Мадрид и Аргентина.
Уште од Карабенчел по лично признание на Бургос, тој имал навика со себе постојано да носи часовник на градите. „Ме фаќа хистерија кога не можам да видам колку е саат. Додека сум на теренот не размислувам за времето“.
Симеоне и Херман имале успех во Катанија и Расинг но најзначајните трофеи ги освоија со Атлетико Мадрид. Двајцата се сметаат за творци на приказната со наслов „Назад во иднината“.
Некогашниот голман смета дека не може да ги носи специјалните Google Glass за да ја гледа статистиката на играчите (еднаш ја користеше против Хетафе во Примера) затоа што многу брзо се менува а тој не успевал да ја пофати статистиката. Поради тоа тој и натаму важи за рокер од стара школа, тежок 140 килограми и кратко шишан.
„Со Диего знаеме да седиме будни до доцна во ноќта и да зборуваме за фудбал со чаша вино. И подолго сум со него отколку со семејството, но не ми смета.
Сигурно дека таков е должен да биде идеалниот помошник тренер.