Со головите на Снајдер, Мајкон и Милито, Интер на 20 април 2010-та победи 3:1, предност која не е гаранција за пласман во финалето од ЛШ, бидејќи ѝ гостуваат на Барселона, тим кој многу лесно може да стигне до 2:0 и да ги расплаче Италијанците.
Но по една недела, на реваншот Италијанците плачеа, ама од радост, бидејќи голот на Пике во 84-та минута не беше доволен за Барселона. Во финале отиде Интер и стана Европски шампион благодарение на двата гола на Милито.
„Пред да влеземе на терен Мурињо ни ги кажуваше последните совети: Момци вашиот сон е таму надвор, одиме да го оствариме. Излезете сите во еден ред, ама после мене. Навивачите на Барселона ме мразат, јас ќе излезам сам на терен, тие ќе ме свират, но кога ќе се појавите вие после неколку моменти веќе ќе престанат“ се сеќава Занети.
„По црвениот картон на Мота мечот стана херојски. Таа ноќ морав јас да го спречам генијот Меси, а кога влегуваше го правеше оној негов препознатлив продор и кога се обидуваше да го загрози голот, се соочуваше со мотивираниот Жулио Цезар. Потоа ќе викнев Форца Ето, има уште малку, бидејќи како нему, така и мене, не ми завршуваше мечот. Но кога сака Господ, конечно го слушнавме последниот свиреж на судијата. Овој пат Мурињо полуде од среќа“.
„Некој реши дека не можеме да славиме на Камп Ноу и наеднаш се вклучија прскалките за наводнување. Па ние издржавме со 10 играчи против големиот тим и зарем треба да се плашиме од фонтата? Продолживме со славјето заедно со Мурињо и бевме жива вода“.
„Заслужен за тоа е човекот која ја мотивираше оваа група на играчи која стигна до тројната круна. Човекот кој или го сакаш или го мразиш, нема средина. Тоа е Special One, тоа е пророкот од Сетубал и еден од најдобрите тренери“
Епското славје на Мурињо