Викенд ревија на евроголови

Изминативе два дена беа толку богати со фудбал, што не стигнавме да ги видиме сите убави голови. Понеделнички, на раат може да уживаме во најубавите.

Во Ерменија, Пјуник го совлада Алашкерт 0:1, а голиштето беше дело на Завен Бадојан:

Во Англија 3, Кру го совлада Скантроп 2:0, а Крег Леиџ (позајмен од Сити) го отвори дуелот во 54. минута:

Штиклата на Едвин Кардона на мечот Монтереј - Толука 3-1:

Сиетл Саундерс ја совлада екипата на Њу Ингланд 3:0, а Клинт Демпси и Обафеми Мартинс играа Сони плејстејшн:

За втората победа по ред на Лил во Франција, се погрижи Нолан Роу против Генгам:

Кристијан Гуанка од Колон ја олади Бока Јуниорс (пуштете го гласот до крај):

Лион го декласираше Монпеље 5:1 и се врати на првото место. Еден од головите беше дело на младиот Алжирец Набил Фекир:

Гонзало Игуаин го начна Интер со ефектна бомба:

Мауро Икарди со паненка му скина бод на Наполи во 87' минута:

Канзас Сити и Њујорк Ред Булс играа 1:1 на отворањето на МЛС лигата во САД. За домашните голот го даде Лојд Сем:

Што пропуштија Барселона и Тотенхем:

Диего Форлан игра за Черезо Осака во Јапонија. Викендов даде еврогол против Токио Верди на гости:

Утрехт го декласираше АЗ Алкмар 5-1, а еден од стрелците беше и Кристофер Петерсон:

Бенфика ја порази Арука 1:3 на гости, но домашните отворија со евроголот на Јури Медеирос: