Јевген Конопљанка, Хуан Мата, Оливие Жиру, Марселињо и 26 други фудбалери го одбележаа третиот месец од годината кога најубавите голови се во прашање. Нашиот глас оди за Самир Фазли од швајцарскиот Вил 1900.
Копа Либертадорес донесе еврогол во дербито на Бразил, но ремек дело имаше и во Уругвај. Сантијаго Вондерерс ја победи Замора 3:2 во натпревар со дури пет црвени и четири жолти картони. Вториот гол на гостите беше спектакуларен, како и „кугларската" прослава.