Тргна возот за Баку: Во Лига Европа паднаа Лацио - Севиља, Интер во Виена

Откако беше извлечена ждрепката за елитната Лига на шампиони, попладнево во Нион ги дознавме и паровите од 1/16 финалето на Лига Европа. Од нашите интернационалци, Стефан Ристовски ќе игра во пиринејскиот дуел со Виљареал, Елиф Елмас против Зенит, а Аријан Адеми против чешки претставник.

ПАРОВИ ЗА ШЕСНАЕСЕТИНА-ФИНАЛЕ ВО ЛИГА НА ЕВРОПА:

ВИКТОРИЈА ПЛЗЕН - ДИНАМО ЗАГРЕБ
КЛУБ БРИЖ - САЛЦБУРГ
РАПИД ВИЕНА - ИНТЕР
СЛАВИЈА ПРАГА - ГЕНК
КРАСНОДАР - ЛЕВЕРКУЗЕН
ЦИРИХ - НАПОЛИ
ШАХТЈОР ДОНЕЦК - АЈНТРАХТ ФРАНКФУРТ
МАЛМЕ - ЧЕЛСИ
СЕЛТИК - ВАЛЕНСИЈА
РЕН - БЕТИС
ОЛИМПИЈАКОС - ДИНАМО КИЕВ
ЛАЦИО - СЕВИЉА
ФЕНЕРБАХЧЕ - ЗЕНИТ
СПОРТИНГ ЛИСАБОН - ВИЉАРЕАЛ
БАТЕ - АРСЕНАЛ
ГАЛАТАСАРАЈ - БЕНФИКА

Првите средби се на 14 февруари со реванши недела дена подоцна, на 21 февруари. Победниците од овие двомечи, ќе ја чекаат ждрепката на 22 февруари а натпреварите од осминафиналето ќе се играат на 7 и 14 март. Четвртфиналето е закажано за 11 и 17 април, полуфиналето за 2 и 9 мај и финалето на 29 мај во Баку.

Актуелен шампион во Лига Европа е Атлетико Мадрид. 10 клубови од преостанатите веќе го кренале пехарот во ова интересно и масовно натпреварување.

 

17 декември 2018 - 13:30