„Останува отворено прашањето за пласман во следната фаза. Ќе имаме тешка задача, но пласманот во четврт финалето ни е на дофат", изјави Фергусон по натпреварот, а со него се согласи и Мурињо.
„Шансите остануваат 50-50. Тие постигнаа гол на гости, но истото можеме да го направиме и ние", рече Мурињо.
Но според статистиките, шансите не се 50-50. Анализата на архивата со резултати од натпреварите во Купот на Европските шампиони и Лигата на шампиони од сезоната 1970/71 до денес, вели дека само 25,87% од тимовите кои одиграле 1:1 на домашен терен успеале да остварат добар резултат на реваншот и да се пласираат во следната фаза.
Дополнителен проблем за Реал Мадрид е тешкиот распоред. Најпрвин на 26 февруари, „Кралевите" и гостуваат на Барселона на реванш натпревар од шпанскиот куп. Интересно е што и тука првиот натпревар заврши со 1:1.
Потоа на 2 март Реал Мадрид ја пречекува Барселона на натпревар од шпанската Примера и по 3 дена гостуваат во Манчестер.