Слабата точка на Јувентус

Во пресрет на вечерашниот осминафинален меч од ЛШ, има едно видео на Газета дело Спорт кое може да му служи на Јирген Клоп. Неприкосновениот Јувентус кој е се поблиску до четврто Скудето по ред, во последно време слабо се брани од корнер.

Тимот на Алегри сезонава има примено 13 голови од кои 4 се од прекин. На последните три кола, два гола прими на ист начин од корнер на прва статива. Во првиот случај против Аталанта, Погба е блокиран како на кошарка, а Миљачо му бега на Касерес и дава гол. На средбата против Милан, високиот Погба повторно е бескорисен во шеснаесетник, а Антонели му бега на Видал и дава идентичен гол како Миљачо.

24 февруари 2015 - 12:15