Чешкиот гигант Славија Прага со рекордни 10:3 го победи третолигашот Карлови Вари во осминафинале на Купот на Чешка. Ама од сите 13 гола најинтересен беше вториот погодок на гостите преку стоперот Лудвик Тума по еден корнер. Невиден досега.
Фудбалерите на Црвена Звезда без пораз се елиминирани во Лига Европа и не можат да се помират што судијата на Сан Сиро не им дозволи да изведат корнер во 93-та минута, со образложение дека истекло времето. Но царевите најдоа начин како да го “совладаат“ Милан.
Помина една година, а како вчера да беше тоа полуфинале на Ливерпул кој ја попари Барса со 4:0 и тоа после пораз од 3:0 на Камп Ноу. Трент Александер Арнолд остави легендарен печат со тој неочекуван потег вреден финале.
Се вика Мамаду Сене игра за Јувентус У19 и возраста никако ама никако не може да му биде оправдање за ова што го направи, бидејќи ова го прават деца од 2 години. Плус игра за Јуве. Извини дете ама ова е најлошиот корнер што сме го виделе до сега.
Не се нервирајте кога тој што изведува корна, не ја нафрла директ, туку му ја додава на тој што стои до него. Има и во тоа логика, особено кај селекцијата на Јордан.
Ромуло Отеро од Атлетико Минеиро изгледа дека сам останува на тренинг со саати. За него е исто дали изведува слободен удар или корнер со внатрешен или надворешен фелш.
ПСЖ едвај извади бод на големото дерби против Марсеј на гости а тензијата беше толку голема што во еден момент додека Нејмар се спремаше да изведува корнер, од трибините полета сè и сешто. Бразилецот во 87’ минута доби втор жолт картон и беше исклучен.
На дуелот од реномираниот Голд Куп меѓу Сад и Ел Салвадор, стоперот на Салвадорците Хенри Ромеро прво го гризна центарфорот Жози Алтидор а потоа и си играше со неговите гради. Фатен е од камерите и ќе му следува суспензија.
Ќе речеш 10 години имаат и не знаат ништо освен да играат и да се бркаат низ маало, ама не било така. На Шангај У10 уште сега им работат мозоците за правење итри и модерни потези во фудбалот кои носат резултат.
Ремизираа со Русија, нивниот единствен бод со кој ги спакуваа куферите, потоа со Словачка, а Велс едвај го добија и тоа во 92 минута со пресврт. Бледо издание на Англија во групната фаза која нема постигнато гол на асистенција од корнер шест години.
Поранешниот фудбалер на Баерн Минхен, Овен Харгривс кој работи како ко-коментатор на БТ спорт, го опиша Чави Алонсо како еден од најдобрите изведувачи на корнери, а за овој против Арсенал рече дека е најлош кој го видел во животот.
Во 3. коло од Голден купот, првенството на Средна и Северна Америка, Месико имаше предност од 4:3 на дуелот против Тринидад и Тобаго и навивачи кои во 93 минута со муниција стражареа на корнер. Ама џабе.
18 годишниот Рихедли Базур од Ајакс веројатно е првиот фудбалер кој успеа од корнер да го погоди судијата кој е задолжен за спорните ситуации во шеснаесетник.
Во пресрет на вечерашниот осминафинален меч од ЛШ, има едно видео на Газета дело Спорт кое може да му служи на Јирген Клоп. Неприкосновениот Јувентус кој е се поблиску до четврто Скудето по ред, во последно време слабо се брани од корнер.
Иако е на тренинг па можеби му успеало од 100-ти пат, младиот Саидо Берахино успеа да постигне гол од уште по мртов агол од корнер. Фудбалерот на ВБА минатата сезона заработуваше 850 фунти неделно.
Неодамна бразилскиот фудбалер Дуду Каренсе не успеа да се снајде на водениот терен и да упати центар шут од корнер. Но тоа не е ништо. Погледнете со каков “фаул“ од корнер знаменцето се соочи ерменски фудбалер на синоќешните квалификации. Како повод за неговиот епски корнер ви ја претставуваме листата со 10 слични несреќници.