Англичаните не ги бива веќе ни од корнер

Ремизираа со Русија, нивниот единствен бод со кој ги спакуваа куферите, потоа со Словачка, а Велс едвај го добија и тоа во 92 минута со пресврт. Бледо издание на Англија во групната фаза која нема постигнато гол на асистенција од корнер шест години.

Играта на нафрлени топки е позната и силна карактеристика на Гордиот Албион, репрезентација кога никако да си го пронајде својот идентитет на големите натпреварувања.

Ерик Даер на Русија и даде гол од слободен удар, а Стариџ и Варди пресвртот против Велс во вториот дел го направија од игра. Но англиските медиуми прашуваат зошто Англија не може да даде гол од корнер?

Хари Кејн нафрлуваше на првиот дуел, Вејн Руни на вториот, а синоќа против Словачка англиските репрезентативци изведоа корнер дури 11 пати и ниту еден центар шут не вроди со плод.

На досегашните три дуели во групната фаза Англија нафрли вкупно 26 пати од аголот, но без ефект, а статистиката покажува дека тоа не им оди на последните три големи натпреварувања на кои извеле 64 корни

Стрелец на последниот гол на акција почната од корнер бил Метју Апсон од Вест Хем на мечот против Германија на СП 2010 кој го загубија Англичаните со 4:1.

Сер Алекс Фергусон знаеше да каже дека Манчестер Јунајтед не тренира корни, но тогаш ги имаше во тим Дејвид Бекам и Рајан Гигс, a ние го имавме:

Корните на Англија против Словачка

21 јуни 2016 - 14:48