Ударот од белата точка е "коњак" позиција за фудбалерите од каде ретко грешат, а за добрите мајстори на „слободни удари" спортските коментатори знаат да кажат дека ова е половина пенал. Професори од САД докажуваат дека и од корнерите имало голем ќар.
Земјата од каде потекнуваат најголемите дриблери, покажа дека има антиталенти за изведување корнери. Изминатово коло најтрагичниот потег му припадна на фудбалерот Маркињос, кој доаѓа од малку познатиот бразилски тим Дуки Ди Кашијас.
Жоао Пауло од бразилската екипа Наутико на гостувањето кај Палмеирас го изведе најлошиот корнер оваа сезона. Или што би се рекло по нашки, „ја прати топката во пченките позади гол".