Американските автори Крис Андерсон и Дејвид Сали напишале книга во која ја анализираат важноста на ударите од корнер знаменцето и од каде тврдат дека доаѓаат значаен број на голови.
Целата теза им се базира врз математички показатели според кои корнерите се 200% повредни од просечните додавања.
Андерсон и Сали откриле дела 20,5% од корнерите завршуваат со шут кон гол со најмногу три додавања, а 11% од нив завршуваат во гол што значи дека секој корнер важи како 0.022 голови.
Во Премиер лигата во сезоната 2012/2013 имало 285,482 прецизни додавања, а 3024 од нив завршиле во гол. Математиката е напревена со истата логика со најмногу три додавања, а тоа значи дека секој прецизен пас е вреден 0,011 голови.
Двајцата автори докажале дека акциите кои започнуваат од корнер знаменцето носат двојно повеќе голови отколку од игра, а можеле на пример да ни кажат и колку вкупно голови до сега биле постигнати директно од корнер, па да се пофалиме со нашиот махер Артим Шаќири кој ги замолчи Англичаните пред 11 години.