Биднаа 20 години од нашето најславно реми против една од најславните генерации на Англија. 16 октомври 2002 - 16 октомври 2022. Англија - Македонија 2:2. Овој пат одиме со малку поопширен материјал покрај корнерот на Шаќири.
16 октомври, 2002-ра. Најавна шпица од дневникот на МТВ и потоа имаш ова: Шаќири, Шаќири и гоооол, гооооооооооол, води репрезентацијата на Македонија. Каков резантен удар, ова беше вистинска уметност.
Потсетивме на едно подзаборавено ретро, со фотки, кусо инфо и секако состав од тоа гостување на македонската фудбалска репрезентација во Билбао. Но го немавме голот, ама сега го имаме благодарение на Панче Ќумбев.
На денешен ден пред точно 16 години се случи едно од најголемите фудбалски изненадувања кои Македонија ги има направено во својата историја. Тие ти вадат среден ред со Бекам, Сколс и Џерард, а ти ги утепуваш со гол од корнер.
Со 75 настапи и 16 гола, поранешниот капитен на македонската фудбалска репрезентација е на трето место и на листата на стрелци и по број на настапи. Во интервју за албанскиот портал Панорама дава свое видување за вечерашниот квалификациски натпревар.
Фудбалерите на Аталанта од Бергамо попладнево со 3:0 го совладаа Карпи, а вториот гол кој го постигна Алехандро Гомез нè потсети на погодокот на Шаќири против Англија во Саутемптон.
Во период кога сè е црно во македонскиот фудбал, за убави вести ни преостанува да тропнеме на врата на рубриката „На денешен ден“ и да се навратиме на херојскиот подвиг на Седлоски, Васоски, Шаќири и компанија кои направија Англија да брка нерешено против нас.
Кога се зборува за гол од корнер, прв кој ни паѓа на памет е Артим Шаќири. Освен легендарниот македонски репрезентативец кој во 2002 година го замолкна Саутемптон, голови од корнер даваа и многу други играчи ширум светот. Еве ги најубавите.
Замолчувањето со прст често пати се користи во фудбалот како резултат на големата радост и еуфорија откако фудбалерите ќе постигнал гол. Некои тоа го прават иронично кон своите поранешни навивачи, а нас ни беше најмногу ќејф кога го видовме Артим Шаќири против Англија откако го постигна легендарниот гол од корнер.
Легендарниот голман на англиската фудбалска репрезентација, Дејвид Симан денес го слави својот 50 роденден. Ние како големи почитувачи на ликот и делот на Дејвид Симан, би сакале да ја искористиме оваа прилика и да му го честитаме јубилејниот роденден со еден видео клип.
Ударот од белата точка е "коњак" позиција за фудбалерите од каде ретко грешат, а за добрите мајстори на „слободни удари" спортските коментатори знаат да кажат дека ова е половина пенал. Професори од САД докажуваат дека и од корнерите имало голем ќар.