Се работи за квалификациски меч за СП 1998 на Градски кој заврши со 3:2. Два комада даде Митко Стојковски од пенал и еден Ѓорги Христов, кој тогаш имаше само 21 година и играше во Партизан, од каде направи трансфер во Барнсли.
Христов го даде третиот гол за Македонија после прекрасна дијагонала на Шаќири. Ја прими убаво и ја заби во агол, по што следуваше интересна прослава.
Натпреварот ќе биде запаметен и по еден од најгрубите и најдивјачките стартови во фудбалот, дело на Џејсон Мекатир кој го нокаутираше Артим Шаќири како во ринг
Ирецот доби црвен картон, но и двојниот стрелец Стојковски, кој збесна од лутина.
За Македонија настапија: Целески, Марковски, Николовски, Седлоски, Стојковски, Христов, Шаќири, Главевски, Гошев, Милосавов, Шаиноски (замени: Бегановиќ, Ѓорѓиoски, В.Мицевски) селектор: Ѓоко Хаџиевски.