Девет години по сефтето во Крањ, младата македонската фудбалска репрезентација одигра скроз неочекувано реми против гигантот Англија кој беше апсолутен фаворит.
И тоа Англија предводена од Свен Горан Ериксен со Бекам, Сколс, Џерард, Лампард, Овен на кои задача имаа отпор да им пружат Величе Шумуликоски, Ванчо Трајанов, Шаќири, Гроздановски, Гоце Толески...Селектор 45 годишниот Никола Илиевски Џиџи.
Тоа беше трето коло од квалификациите за ЕП 2004 во кое влеговме после две несреќни средби. Прво 1:1 на гости со Лихтенштајн, меч на кој примивме гол во 93-та, после голот на Христов во 8-ма минута и пораз од Турција дома 1:2, на кој исто така први поведовме со голот на Влатче Гроздановски и тоа во 2 минута.
Трет меч и трета реприза во која Македонија повторно оствари водство и тоа пак рано по само 11 минути игра. Овој пат на натпревар кој секоја година во октомври не тера да го одбележуваме поради тој незаборавен проектил на Артим директно од корнер.
Го имаме цел натпревар со анализа на БиБиСи, пред и после завршувањето, како и на полувреме. Потоа интервју на Ериксон, но и претставување на гостинот преку Александар Македонски, Мајка Терезa, Дарко Панчев... кое може да го видите на 11:50.
Некако не ни дава душа да го рипнеме Зоран Михајлов
А пак на плоштад што беше