Интервју на Артим Шаќири

Јас сум Албанец, но за Македонија имам одиграно 75 меча

Со 75 настапи и 16 гола, поранешниот капитен на македонската фудбалска репрезентација е на трето место и на листата на стрелци и по број на настапи. Во интервју за албанскиот портал Панорама дава свое видување за вечерашниот квалификациски натпревар.

Артим Шаќири некако стана синоним за гол од корнер, откако на оние херојски 2.2 во Саутемптон пред 15 години го матираше и го пензионираше Дејвид Симан. Познат е како умерен, коректен, скромен и секогаш борбен на терен.
 
Тој е еден од омилените играчи на верната публика на македонската репрезентација која гласно го скандираше неговото име кога замина во пензија. Умерен и коректен е и сега, кога најмногу треба, во очи на мундијалскиот квалификациски натпревар кој поради страв од инциденти го преместија во Струмуца. 
 
Шаќири препорачува: Оставете ја политиката на страна и уживајте во фудбал со фер плеј.

Артим има ли нешто што те воодушевува во ќорсокакот меѓу Македонија и Албанија?
 
И двата тима доаѓаат после победи и јас посакувам во вторник тоа пред се да биде фудбалски натпревар. Се надевам дека нема да има проблеми, туку само фер плеј. Нормално и Македонија и Албанија ќе бркаат победа. Во моментов мислам дека Албанија е посилна и дека е фаворит, но тоа треба да го докаже на терен.
 
Очекувавте ли дека Македонија ќе го победи Израел?
 
Да бидам искрен не и мислев дека ќе заврши нерешено. Дури и прогнозите беа дека ќе нема победник, но Македонија сепак победи заслужено. За разлика од претходните средби, Македонија беше на подобро ниво. На крајот искористи шанса и доби 3 важни бода. Оваа победија им носи уште поголема мотивација за мечот против Албанија. Потоа мора да знаете дека ова е средба на која македонските играчи ќе посветат поголемо внимание.

На што треба Албанија да посвени поголеми внимание против овој состав на Македонија?
 
Тренерите не ги гледаат сите работи исто. Немам што да му кажам на Панучи за тоа каде да внимава во Македонија. Мислам дека се тим кој не треба да се потцени. Македонија не е толку слаба и не треба да биде оценета според негативните резултати што ги оствари пред Израел. Има играчи кои ја прават разликата, особено во нападот. Нема потреба да се споменуваат имиња, имаат нов тим и направија некои промени.
 
Рековте дека Албанија е фаворит. Дајте ни причини?
 
Албанија во споредба со Македонија учествуваше на Европското првенство и таа е значително посилна. Ги сметам за фаворити бидејќи сум убеден дека нема да се појават на терен за да освојат бод, туку ќе одат на победа. Додека Македонија има впечаток дека ќе се брани и потоа ќе удри преку секоја можна прилика која што ќе и биде пружена.
 
Имате 75 настапи за Македонија и многу години бевте капитен. За кого ќе навивате?
 
Не ме ставајте во непријатна ситуација. Јас сум Албанец, но не можам да го побијам фактот дека имам одиграно 75 натпревари со македонската репрезентација и го почитувам тоа. Прво не сакам инциденти на овој меч. Нека има фудбал, а не навреди.

Како можеше ФФМ да го одбере стадионот во Струмица наместо Скопје?
 
Од тоа што го слушнав, главната причина е безбедноста. Полицијата би имала повеже потешкотии во Скопје, бидејќи се знае дека таму ќе има повеќе албански навивачи. Вака на мал стадион, присуството на Албанците ќе биде ограничено. Ако натпреварот се играше во Скопје, стадионот ќе беше полн со Албанци.
 
За еден македонски албански играч што симболизира овој натпревар?
 
Бидете сигурно дека за фудбалерите ова е нормален натпревар како и секој друг. На крајот на краиштата во професионализам ова треба да се земе спортски, без разлика дали тоа е Македонија и Албанија. Тоа е само натпревар каде што треба да се почитува фудбалот и тимот. Воопшто не треба да се размислува на политичката страна.

Се плашите ли дека во Струмица може да се повтори тоа што се случи во Белград?

Не, не. Не верувам дека ќе има било какви инциденти како што беше на Србија - Албанија. Најважно е што играчите мислат само на фудбал. Ова е средба која за Албанија им значи многу поради борбата за третото место. Од друга страна, Македонија се надева на подобра позиција. Со нетрпение го очекувам мечот кој мислам дека ќе биде убав и не мислам дека ќе има инциденти.
Кажете ни нешто за стадионот каде што ќе игра Албанија?
 
На стадионот Младост играв во 90-те. Струмица е мал град, но има фудбалска традиција. По долго време, Белација, тимот кој играше на овој стадион се врати во првата лига. Тоа е мал стадион и верувам дека ќе биде интересен натпревар. Клучот на играчите е да мислам само на играта.
 
Ќе го гледате ли овој меч на стадион?
 
Се разбира дека ќе го гледам, но најголемите шанси има да бидам пред тв.
 
Зошто направивте таков избор, има нешто што ве спречува?
 
Не, воопшто. Дури можам да ви кажам дека ФФМ ми испрати и официјална покана за да бида присутен на стадион. Се работи за личен избор бидејќи на денот на мечот ќе бидат на пат и најголеми се шансите да го следам мечот на тв.
 
5 септември 2017 - 12:59