Некои резултати од спортската историја на Македонија, можеби не се од некое огромно значење и се смеаат само за инстант успех, остварен на само еден натпревар.
Но нас таквите ни се врежани во глава, легнати на срце и едноставно ни се најдраги. Таква е средбата против Англија која денеска полни дури 19 години од одигрувањето.
Македонската фудбалска репрезентација во тие квалификации за ЕП 2004, освои само 6 бода на 8 средби во група со Англија, Турција, Словачка и Лихтенштајн, ама од тој бод во Саутемптон нема посладок.
Тој што се грижи за спортската архива во МТВ, се надеваме дека има направено повеќе копии од оваа снимка.
Составите:
Англија: Симан, Г.Невил, Кембел, Вудгејт, Е.Кол, Бекам, Џерард (Бат), Сколс, Бриџ (Васал), Овен и Смит.
Македонија: Милошевски, Попов, Петров, Седлоски, Васоски, Шумуликоски, Трајанов (Стојановски), А.Митревски, Толевски (Пандев), Шакири и Гроздановски.
Славјето:
Новините: