16 октомври 2002 година е денот на кој од радост летаа столчиња во македонските кафулиња, откако Артим Шаќири на стадионот Сент Мери во Саутемптон испрати ефе на кое Дејвид Симан немаше одговор. Директен гол од корнер во 11 минута среде Англија.
По три минути Гоце Седловски погреши во додавање, а Дејвид Бекам доби топка со која го лобуваше Петар Милошевски за 1:1. Избраниците на Никола Илиевски Џиџи се однесуваа како ништо да не се случило и продолжија со одличната игра.
23 минута, нов шок за домаќинот од акција која повторно ја почна Шаќири, а ја заврши Ванчо Трајанов за ново водство на Македонија од 2:1. Конечните 2:2 ги постави Стивен Џерард во 36 минута со волеј удар.
Во вторите 45 минути мрежите мируваа и Македонија си замина дома со историско реми од Саутемптон во кое учествуваа:
Англија: Симан, Г.Невил, Кембел, Вудгејт, Е.Кол, Бекам, Џерард (Бат), Сколс, Бриџ (Васал), Овен и Смит.
Македонија: Милошевски, Попов, Петров, Седлоски, Васоски, Шумуликоски, Трајанов (Стојановски), А.Митревски, Толевски (Пандев), Шакири и Гроздановски.
Славјето на плоштад
Головите за Македонија со коментар на Зоран Михајлов
Сите голови