Џанлуиџи Буфон е единствениот голман кој два пати му одбранил пенал на Бразилецот Роналдо. Џиџи ги скротувал пеналите и на Тоти, Фиго, Муту. Последен кој се уплаши од Буфон од белата точка беше младиот Французин Александар Лаказет од Лион.
Од вкупно 29 одбранети пенали во кариерата, Џиџи фатил четири во Лигата на шампионите, 19 во Серија А, 1 во Серија Б и 5 во дресот на репрезентацијата.