Минатиот викенд пред крајот од мечот меѓу Удинезе и Торино кој заврши 2:2, Михајловиќ влезе во расправија со судиите и доби црвен картон. За тренерот на Торино ова е втор црвен картон (првиот го доби во 3.коло кога незадоволен од недосудениот пенал шутна шише со вода).
Она што најмногу „боде очи“ е статистиката на Србинот во Серија А, а таа вели дека Рицоли, Маѕолени, Лука Банти, Роки и другарите дури осум пати му го покажале патот кон соблекувалната пред натпреварот да заврши.
Дури пет од тие осум црвени картони како тренер, Михајловиќ ги добил во претходните 11 месеци!
Поранешниот тренер на Катанија, Фиорентина, Милан и српски селектор, во Удине призна дека заслужено бил искучен затоа што многу грубо се однесувал со судиите. Тоа е првпат Синиша да признае исклучување. До минатиот викенд виновни му беа судиите а тој никогаш не презеде вина.
Како играч, Синиша Михајловиќ имаше многу инциденти со противничките фудбалер а најпознат е оној од Светското првенство 1998. година кога против Германија му пријде на Јенс Јеремис и го плукна во лице.
„Ми се внесува во лице? Го плукнав затоа што ми личеше на нацист од партизанските филмови. Само уште СС шлем му фалеше на глава“, изјави бесно Михајловиќ после тој меч пред 18 години.
Слична глупост направи и на мечот Лацио - Арсенал во Лигата на шампионите 2000. година кога влезе во дуел со Патрик Виера.
„Виера тогаш ми кажа дека сум ’циганско гомно’ а јас му вратив дека тој е црно гомно. По мечот испадна дека јас сум најголемиот расист на светот, а тој не“, се бранеше тогаш Синиша.
Србинот роден во Вуковар најголемиот гаф како тренер го направи за време на пријателската меѓу Сампдорија и Севиља одигран во 2014. година. Тогаш се вмеша во општата тепачка меѓу играчите на двата тима, го турна фудбалерот на Шпанците Фацио на земја.