Лукас Слива кој е претставен на 26 јануари годинава, беше последниот бразилски фудбалер кој дојде на Сантијаго Бернабеу и подоцна дебитираше против Депортиво. Најновото засилување Данило, веќе има две освоени титули со Порто, а за Бразил забележа 14 настапи.
Со исклучок на Пепе кој е роден во Бразил, а игра во Португалија, Реал Мадрид стигна до бројката од 23 Бразилци кои го носеле дресот на славниот клуб. Првиот фудбалер од Бразил кој заиграл на Бернабеу е Фернандо Гудичели, кој забележал само еден настап, на 15 декември 1935 година против Расинг. Гудичели неколку недели по единствениот настап за Кралскиот клуб наполнил 35 години и ја завршил својата професионална кариера.
На следните Бразилци, Реал Мадрид чекал 15 години, затоа што во раните '50-ти години пристигнале Диди и Канарио. Првиот во Мадрид останал една година, а вториот три. Иако сметан за еден од најдобрите фудбалери на своето време, Диди не оставил голем траг во Реал. Следувал трансферот на Еваристо во 1965 година, за Меренгес да чека цели 26 години до следниот Бразилец.
На почетокот на '90-те години, настана инвазија од Бразилци во Реал Мадрид. Од тогаш до денес, 17 Кариоки продефилирале на Сантијаго Бернабеу. Најпознат од сите секако е Роберто Карлос, левиот бек кој настапи на 527 натпревари и е легенда на клубот.
Роналдо Назарио одигра 180 средби за Реал Мадрид и постигна 104 голови. Сепак има многу играчи од Бразил кој биле во Реал, но никогаш не заиграле за првиот тим, како што се Луиз Фернандо, Родриго и Цезар Пратес. Последниот што не играл официјален меч е Вилијан Хозе', кој дојде од Кастиља и дебитираше за првиот тим на пријателската против Селтик во мај 2014. година.