Расниот стрелец кој стана тренер - Хернан Креспо

Креспо беше еден од ретките кои играле во речиси сите големци на италијанскиот фудбал. Се изнадава голови во дресовите на Парма, Лацио, Интер и Милан и по завршувањето на кариерата реши да го пренесува занаетот на помладите.

Хернан Креспо дебитирал за Ривер Плата на 18 години и за три сезони дал вкупно 36 гола за тимот од Монументал.
 
Особено успешно му било летото 1996. година кога настапил на Копа Америка а наскоро и на Светско првенство. Со Ривер ја освоил Копа Либертадорес по триумфот над колумбискиот Америка Кали во финалето.
 
Креспо блескал и на Олимпијадаа во Атланта каде со Аргентина стигна до финалето и стана најдобар стрелец на турнирот (по 6 гола заедно со Бебето од Бразил). Зад него беа стрелци како Роналдо и Нванкво Кану.

По таквиот развој на настаните, европејците се заинтересирале за „Валданито" (прекар кој Креспо го добива затоа што со стилот на игра наликувал на сонародникот Хорхе Валдано).

Некои го викаа и „Ел Полако", поради баба му од Полска. Само 11 дена по олимпиското финале Креспо потпишал договор со Парма, екипа која беше една од најуспешните во историјата на италијанскиот фудбал.

За четири години, Аргентинецот им помогна на млекарите да го освојат Купот на Италија и Купот на УЕФА. Во летото 2000. година, Парма го продаде Креспо во тогаш најбогатиот италијански клуб Лацио за рекордни 41 милион фунти (во зделката беа вклучени и Серџо Консеисао и Матјас Алмеида кои Лацијалите ги дадоа во Парма).

Напаѓачот во еден момент беше најдобар играч на светот.

Во првиот меч во небесно-синиот дрес, Креспо му помогна на Лацио да го освои Супер купот на Италија, а истата сезона постигна 26 голови и стана најдобар стрелец во Серија А.

Втората сезона во Рим не му беше така успешна како првата, затоа што го следеа повреди и Креспо во последниот ден од преодниот рок, на крајот од август беше продаден во Интер.

Против волјата на навивачите, претседателот Серџо Крањоти кој почнал да запаѓа во финансиски проблеми, решил да го продаде омилениот играч во Интер. За гневот на Лацијалите да биде поголем Крањоти се погрижи и со продажбата на капитенот и симбол на тимот, Алесандро Неста во Милан. За Креспо, клубот заработи 27 милиони фунти.

Во летото 2002. година, Нераѕурите најдоа замена за Роналдо кој замина во Реал Мадрид, но во Интер Креспо не се задржа многу. Постигна 7 голови на 3 настапи и плус 9 гола на 12 настапи во ЛШ, после што отсуствуваше 4 месеци поради повреда (во Интер тогаш беа Коради, Виери, Рекоба и Мохамед Калон).

Следен чекор во кариерата на El Polaco беше Лондон. Роман Абрамович штотуку ја започна кампањата на срамежливо трошење пари и Креспо заигра во составот во кои беа Муту, Гудјонсен и Хаселбанк. Тренер им беше Клаудио Раниери.

Бројот 21 не се наигра многу во Челси, одигра нешто повеќе од половина мечеви во Премиер, а крајот го виде кога дојде Жозе Мурињо кој изјави дека Креспо и неколку други играчи не му требаат. Специјалниот на Стемфорд Бриџ дојде со Дидие Дрогба.

Следуваше втора младост во кариерата на Креспо. Милан го доведе на позајмица благодарение на Карло Анчелоти. Иако првиот гол за Росонерите го даде дури во ноември, таа сезона постигна 17 погодоци во сите натпреварувања. Во 1/8 финалето на ЛШ два пати му даде гол на Манчестер Јунајтед (1-0 дома и 0-1 на гости, без Шевченко).

Во финалето во Истанбул даде дури два гола против Ливерпул, но на крајот тагуваше по пресвртот на Црвените.

На крајот Креспо доби втора шанса во Челси каде постигна 13 голови во сите натпреварувања и ја освои Премиер лигата. Пред почетокот на сезоната 2008/2009 кога Интер ги освои сите три трофеи (Серија А, Копа Италија, ЛШ), Креспо беше дел од трансферот на Диего Милито од Џенова во Интер.

Во Џенова се задржа половина година, и во зимата 2010. се врати во омилениот клуб во Италија на Енио Тардини. Во својот втор дом постигна 14 голови за две сезони и на 2. февруари 2012 година споразумно го раскина договор со Млекарите кои западнаа во долгови.

Тоа значеше крај за играчот со над 45 гола во кариерата и без ниту еден црвен картон.

Судибната го врати на Џузепе Меаца, но во дресот на Интер каде беше на позајмица до истекот на договорот со Англичаните. Наполни 31 година, но тоа не му сметаше да го дава максимумот и на 13. мај постигна хет-трик против Лацио во триумфот од 4-3 кога Интер го крена Скудетото. Таа сезона Креспо го постигна 125. гол во Серија А кариерата а 200-ти воопшто во Европа.

Набрзо откако ги закова копачките на клин, Креспо почна да учи за тренер. До крајот на сезоната 2014/2015 тој ги тренираше младинците на Парма, а по банкротот ја презеде Модена во Серија Б.

Во сезоната 2015/2015 Креспо долго ја држеше Модена во зоната на плејофот, но на 26. март годинава водеа 1:0 и во судиското продолжение примија два гола од Каљари по што ултрасите влегоа на прес-конференцијата и од претседателот на клубот побарале отказ за Креспо. Дента Аргентинецот ги спакува куферите.